1 00:02:12,841 --> 00:02:16,094 Херман вели дека Лили Флауер треба да биде опасно секси. 2 00:02:16,678 --> 00:02:19,180 Во спротивно, таа ќе биде во сенка на Ирма Веп. 3 00:02:19,556 --> 00:02:21,557 - А, не го сакаме тоа. - Не, не го сакаме. 4 00:02:24,060 --> 00:02:27,314 Што мислиш? Премногу е? 5 00:02:29,191 --> 00:02:33,486 Мислам дека не. Ми се допаѓа вака. Таа е лоша. 6 00:02:35,529 --> 00:02:36,529 Да. 7 00:02:36,906 --> 00:02:40,702 Да му испратам на Херман неколку слики. Па... 8 00:02:40,785 --> 00:02:44,873 Упс. Не. Да. Прекрасно. Покажи ми ја транспарентноста. 9 00:02:45,916 --> 00:02:46,916 Одлично. 10 00:02:51,045 --> 00:02:52,045 Крајно време беше. 11 00:02:57,009 --> 00:02:58,095 "Многу среќен. 12 00:02:58,177 --> 00:03:02,599 Омилениот досега, она што го имавме на ум, го прави ликот многу попривлечен." 13 00:03:03,140 --> 00:03:05,852 Херман има толку различен пристап. Некако забавно е. 14 00:03:05,935 --> 00:03:08,730 Сепак, ми недостига Рене. Ова е негово шоу. 15 00:03:10,023 --> 00:03:14,110 - Рене исчезна. Што можеме да направиме? - Знаеш што? Се обложувам дека ќе се врати. 16 00:03:14,820 --> 00:03:19,365 Рене живее во поинаков свет. Тој има визија. Совладан е од неа. 17 00:03:19,449 --> 00:03:22,785 Кога беше помлад, можеше да се справи. Веќе не. Тажно. 18 00:03:25,497 --> 00:03:26,497 Херман повторно. 19 00:03:27,665 --> 00:03:31,002 "Направи ја посекси сцената со врзувањето кога ќе ја заробат." 20 00:03:31,085 --> 00:03:33,963 Сигурно. Изгледа е во право. 21 00:03:34,421 --> 00:03:37,467 - Премногу е здодевна во оригиналот. - Знам. 22 00:03:38,134 --> 00:03:43,223 Но, најдов експерт кој ме научи неколку трикови. 23 00:03:43,724 --> 00:03:47,894 - Имаш јажиња? - Вели дека лентата многу го олеснува. 24 00:03:49,895 --> 00:03:51,773 - Земи го столчето. - Ова? 25 00:03:52,607 --> 00:03:53,817 Не, не, не. Она назад. 26 00:03:54,358 --> 00:03:58,739 Добро, ти си Филип Геранд. Зад мене, но не те забележувам. 27 00:03:59,446 --> 00:04:03,409 Но, прво ќе морам да ти ги врзам зглобовите. 28 00:04:04,326 --> 00:04:05,326 Направи го тоа. 29 00:04:07,580 --> 00:04:10,208 Сега може да ме врзеш за столот. 30 00:04:11,293 --> 00:04:12,835 Околу. Да. 31 00:04:16,380 --> 00:04:20,635 - Овој пат ќе снимам видео. - Во ред. 32 00:04:22,137 --> 00:04:24,931 Здраво, Херман. Помош. 33 00:04:31,104 --> 00:04:32,731 Еј. Види го ова. 34 00:04:37,234 --> 00:04:39,488 Не очекував Синтија да сака врзување. 35 00:04:39,821 --> 00:04:42,406 Таа сака се' што го истакнува нејзиниот лик. 36 00:04:43,533 --> 00:04:46,203 Не ја обвинувам. Изгледа неверојатно. 37 00:04:46,286 --> 00:04:47,286 Да. 38 00:04:49,163 --> 00:04:51,916 Сигурно не сакаш помош? Можам да го викнам портирот. 39 00:04:53,627 --> 00:04:58,340 Не, во ред е. Сум влечела многу полошо во моето време. 40 00:05:00,049 --> 00:05:01,300 - Добра ноќ. - Добра ноќ. 41 00:05:07,516 --> 00:05:10,894 - Мира, што правиш овде? - Не сум сигурна дека сум Мира. 42 00:05:12,770 --> 00:05:16,857 - Понекогаш како да презема Ирма Веп. - Со кого зборувам сега? 43 00:05:17,234 --> 00:05:19,236 - Со двете. - Седни. 44 00:05:20,028 --> 00:05:25,242 - Ако тоа е нешто што го прават духовите. - Па, јас не сум баш дух. 45 00:05:27,701 --> 00:05:30,205 - Како влезе тогаш? - Моќи. 46 00:05:30,871 --> 00:05:35,125 - Како? - Како одење низ ѕидови. 47 00:05:35,669 --> 00:05:39,088 - Импресивно. - Дали ти се допаѓа Херман? 48 00:05:39,171 --> 00:05:42,259 Не е мој тип на режисер. Ми се допаѓа Рене. 49 00:05:42,341 --> 00:05:44,594 Ми недостасува. Ова е негов проект. 50 00:05:45,219 --> 00:05:48,306 Тој го живее и го дише на свој чуден начин. 51 00:05:48,390 --> 00:05:52,435 Херман изгледа доволно пристојно. Ми се допаѓа секси пресвртот што го внесува. 52 00:05:52,768 --> 00:05:56,147 - Мислиш перверзијата. - Изгледа. 53 00:05:56,814 --> 00:05:59,192 И перверзијата постоеше од самиот почеток. 54 00:05:59,692 --> 00:06:02,988 Херман ги следи стапките на Рене, што е за почит, не мислиш? 55 00:06:04,697 --> 00:06:05,697 Сакаш едно? 56 00:06:10,078 --> 00:06:12,788 Почувствував чудна енергија кога влезе во собата. 57 00:06:12,873 --> 00:06:14,499 Вие актерките сте вештерки. 58 00:06:15,166 --> 00:06:16,209 А што е со тебе? 59 00:06:16,750 --> 00:06:20,337 Јас? Јас не сум баш актерка. Пејачка сум. 60 00:06:20,421 --> 00:06:23,758 Не е толку различно. И изгледаш прилично самоуверено на сетот. 61 00:06:26,010 --> 00:06:30,932 Пишувам песни за моите чувства или за едноставни работи од секојдневниот живот. 62 00:06:31,016 --> 00:06:36,479 - Така се поврзувам со мојата публика. - Мислиш дека тоа е реалниот живот. 63 00:06:36,813 --> 00:06:41,943 - Да. - Додека снимањето филмови е нешто друго. 64 00:06:42,943 --> 00:06:44,821 Филмовите се фантазија, 65 00:06:44,903 --> 00:06:48,699 но не можеш да живееш во фантазија кога реалниот свет се распаѓа. 66 00:06:48,783 --> 00:06:54,413 Не, светот постојано се менува, во добро или лошо. Но, ни треба уметноста. 67 00:06:56,416 --> 00:06:57,497 Дали филмовите се уметност? 68 00:06:57,792 --> 00:07:00,627 - Понекогаш. - Главно ми се бескорисни. 69 00:07:01,838 --> 00:07:03,088 Дури и Вампирите? 70 00:07:03,756 --> 00:07:07,009 Кому им требаат Вампирите во 2022 година? Сериозно. 71 00:07:07,468 --> 00:07:12,307 Филмовите се портал за некаков духовен свет. 72 00:07:12,390 --> 00:07:13,892 Рене ме научи тоа. 73 00:07:14,267 --> 00:07:15,894 Не сум сигурна дека разбирам. 74 00:07:16,310 --> 00:07:21,023 Некој вид на духовен свет во кој повеќе немаме пристап. 75 00:07:21,691 --> 00:07:24,485 - Зошто е тоа така? - Ја изгубивме вербата. 76 00:07:25,110 --> 00:07:27,529 Религијата некогаш не' поврзуваше со оној свет. 77 00:07:28,113 --> 00:07:30,492 - Јас сум будист. - Дали отсекогаш си била? 78 00:07:31,034 --> 00:07:32,868 Не. Само изминатите неколку години. 79 00:07:34,370 --> 00:07:37,623 Но, тоа ми помогна да се одвојам од материјалниот свет. 80 00:07:37,706 --> 00:07:43,004 Тоа е она што го прават филмовите. Тие не' одвојуваат од материјалниот свет. 81 00:07:43,338 --> 00:07:47,050 - Повеќето од нив го глорифицираат. - Да парафразирам. 82 00:07:49,719 --> 00:07:52,138 Тие ни помагаат да го преиспитаме. 83 00:08:01,064 --> 00:08:03,858 И си заминуваш така, без да ме бакнеш? 84 00:08:04,192 --> 00:08:08,363 Знаеш дека ќе се збогувам. Тоа е мојата амајлија. 85 00:08:12,116 --> 00:08:14,236 Морам да ги научам овие луѓе како се снима филм денес. 86 00:08:15,369 --> 00:08:19,124 - Посакај ми среќа. - Среќно, душо. Оди, оди. 87 00:08:19,915 --> 00:08:23,169 Нарачај ни храна вечерва. Можеби малку ќе доцнам. Не сум сигурен. 88 00:08:23,252 --> 00:08:24,252 - Чао. - Те сакам. 89 00:08:36,766 --> 00:08:38,935 СТИГНА? МОЖЕ ДА ТЕ ВИДАМ 90 00:08:50,321 --> 00:08:52,741 Здраво. Ова е Мира. Може да оставите порака... 91 00:08:54,325 --> 00:08:55,325 Кучка. 92 00:09:31,987 --> 00:09:33,405 - Фала. - Здраво, господине. 93 00:09:43,124 --> 00:09:44,124 Што се случи? 94 00:09:44,875 --> 00:09:46,686 Како што се обидував да му објаснам на господинот. 95 00:09:46,710 --> 00:09:49,255 Херман ми подари неверојатен ЛВ ѓердан. 96 00:09:49,671 --> 00:09:53,384 И не знам. Некој се прикрал во апартманот и го украл. 97 00:09:53,467 --> 00:09:57,638 - Значи некој упаднал кога сте спиеле? - Боже, тоа е толку морничаво. 98 00:09:58,263 --> 00:10:00,766 Ќе разговарам со менаџерот. Ќе истражат. 99 00:10:06,564 --> 00:10:09,650 По бомбардирањето во кабарето, Морено и Ирма Веп 100 00:10:09,733 --> 00:10:12,611 беа принудени да му се заколнат на верност на Сатанас. 101 00:10:20,994 --> 00:10:24,456 Морено се согласува да му го даде на Сатанас пленот од грабежот во салата. 102 00:10:24,541 --> 00:10:27,334 Потоа ја испраќа Лили Флауер да земе пари од неговата банка. 103 00:10:40,806 --> 00:10:42,642 Но, Мазамет, помошникот на Филип Геранд, 104 00:10:42,724 --> 00:10:44,394 им е во трагата... 105 00:10:57,447 --> 00:11:00,410 Мазамет веднаш го известува Филип што видел. 106 00:11:06,707 --> 00:11:09,960 Заедно, тие брзаат кон станот на Лили Флауер... 107 00:11:14,423 --> 00:11:17,218 - Двајца господа ве бараат, госпоѓо. - Ве молам, внесете ги. 108 00:11:19,720 --> 00:11:20,847 Раскомотете се. 109 00:11:21,389 --> 00:11:24,642 Ви благодариме што одвоивте момент од вашето време. 110 00:11:25,018 --> 00:11:26,561 Ова е многу итна работа. 111 00:11:28,521 --> 00:11:30,106 Сега ми го разбудивте интересот. 112 00:11:40,073 --> 00:11:43,327 Рез. Рез. Рез. Да му се сневиди. Срање. 113 00:11:45,829 --> 00:11:47,914 - Ова не функционира. - Невозможно е. 114 00:11:47,999 --> 00:11:50,210 - Не можам побрзо. - Што сакаш да кажеш? 115 00:11:50,293 --> 00:11:53,503 - Дете може побрзо со нозете. - Не, но лентата не се лепи. 116 00:11:53,588 --> 00:11:55,589 - Не знам зошто. - Вежбавте. 117 00:11:55,673 --> 00:11:58,885 - Да, но не со лентата. - Што користиш, бе? Тоалетна хартија? 118 00:11:58,967 --> 00:12:01,387 Не. Јаже. Класично јаже. Не ова. 119 00:12:02,346 --> 00:12:05,474 - Да го викнам консултантот за врзување. - Добро. 120 00:12:06,558 --> 00:12:07,976 Што е консултант за врзување? 121 00:12:09,645 --> 00:12:12,357 Ова е Торвалд. Тој е од Норвешка. 122 00:12:12,440 --> 00:12:15,150 - Здраво, како си? Херман. - Добро. Викај ме Тор. 123 00:12:15,235 --> 00:12:18,571 - Се сретнавме на темните мрежи. - Слушај, како би пристапил на ова? 124 00:12:20,448 --> 00:12:25,370 - Дали е подготвена за врвното искуство? - Не, не. Нема потреба за тоа. 125 00:12:25,452 --> 00:12:28,248 Филип е новинар. Не е ни професионалец. 126 00:12:29,873 --> 00:12:32,293 Разбирам. Нерешителен аматер. 127 00:12:32,751 --> 00:12:35,296 Филип Геранд е детектив и многу е добар во тоа. 128 00:12:35,380 --> 00:12:37,507 Види, се' што ни треба е нешто што изгледа кул, 129 00:12:37,589 --> 00:12:38,858 што нема да ја повреди актерката. 130 00:12:38,882 --> 00:12:41,928 - Можеме ли да го направиме тоа? - Значи, ти си покорната? 131 00:12:42,553 --> 00:12:46,139 Јас сум Вампирот. Филип и Мазамет ме киднапираа. 132 00:12:46,599 --> 00:12:49,894 - Какво е твоето искуство со врзување? - Многу основно, би рекла. 133 00:12:50,227 --> 00:12:55,649 Имав момче кое беше по тоа и се обиде да ми стави лисици, но ме болеше. 134 00:12:55,984 --> 00:13:00,405 Тор, ти реков, ова е мејнстрим. Затоа, ништо премногу шокантно, те молам. 135 00:13:01,072 --> 00:13:02,572 Само велам дека има широк опсег. 136 00:13:03,782 --> 00:13:07,578 Ако сакате да го засилам интензитетот, има опции. 137 00:13:07,661 --> 00:13:09,871 Не, не. Нема потреба за тоа. Во ред е интензитетот. 138 00:13:10,707 --> 00:13:14,502 Добро. Значи, ти си доминантниот. 139 00:13:15,003 --> 00:13:19,215 Јас сум Филип. Непријател на Вампирите, па нема ништо сексуално во ова. 140 00:13:20,216 --> 00:13:21,216 Штета. Ништо? 141 00:13:21,508 --> 00:13:25,262 - Не. - Не? Добро, дозволи ми да ти покажам. 142 00:13:26,304 --> 00:13:30,518 - Гледам. - Само дај ми ги рацете. Прекрсти ги. 143 00:13:31,352 --> 00:13:34,896 Значи, прво, и ги средувам рацете. 144 00:13:38,359 --> 00:13:43,823 А сега, ја врзувам меѓу градите. 145 00:13:46,908 --> 00:13:48,119 Го затворам вкрстувањето. 146 00:13:50,121 --> 00:13:53,207 - Претесно е? - Потесно би било премногу. 147 00:13:53,665 --> 00:13:56,502 Сега, колку е екстремно ова на скала од еден до десет? 148 00:13:57,586 --> 00:14:00,923 - Еден, максимум. - Може еден. 149 00:14:01,381 --> 00:14:03,634 - Да, тотално. Совршено. Да. - Да. Да, да, да. 150 00:14:04,177 --> 00:14:05,177 - Еден е добро. - Да. 151 00:14:07,138 --> 00:14:08,930 Никогаш нема да ги предадам моите соучесници. 152 00:14:09,556 --> 00:14:12,309 Ако не сакаш да му се јавиш на Морено, ќе викнам полиција. 153 00:14:12,393 --> 00:14:16,730 Не, не, не. Не викај полиција. Само што излегов од затвор. Не можам да се вратам. 154 00:14:17,190 --> 00:14:20,275 - Тогаш знаеш што треба да направиш. - Во ред, ќе го сторам тоа. 155 00:14:32,330 --> 00:14:36,291 Морено. Дојди веднаш кај мене. Имам важна вест. 156 00:14:37,960 --> 00:14:39,044 Доаѓаме. 157 00:15:15,456 --> 00:15:16,541 Уапсете го. 158 00:15:28,552 --> 00:15:29,804 Рез. Го имаме. 159 00:15:29,886 --> 00:15:30,886 Рез! 160 00:15:31,012 --> 00:15:32,055 Означете го. 161 00:15:32,140 --> 00:15:33,890 Мислам дека фатив подобро движење, знаеш. 162 00:15:33,975 --> 00:15:36,643 Спуштање до крајот и вртење. 163 00:15:36,727 --> 00:15:37,936 - Го свиткав глуждот. - Што? 164 00:15:38,020 --> 00:15:40,689 Немав поим дека јамата ќе биде толку длабока. 165 00:15:41,356 --> 00:15:42,356 Заборави нешто. 166 00:15:42,942 --> 00:15:43,817 Срање. 167 00:15:43,901 --> 00:15:47,947 Извинете. Извинете. Сите, ова беше последниот кадар на Готфрид. 168 00:15:48,030 --> 00:15:49,030 Извинете. 169 00:15:49,281 --> 00:15:51,701 - Добра работа. - Благодарам. 170 00:15:52,784 --> 00:15:55,204 - Ви благодарам на сите. - Завршивте одлична работа. 171 00:15:57,331 --> 00:15:58,540 Ти си добар човек, Херман. 172 00:15:59,542 --> 00:16:02,294 - Не знаеш многу за филмови. - Губи се бе оттука. 173 00:16:02,378 --> 00:16:06,381 - Но, ти си добар човек и се расправаме. - Обезбедување. 174 00:16:06,756 --> 00:16:10,178 Готфрид нуди пијачка во градината. 175 00:16:10,260 --> 00:16:12,680 Придружете ни се кога ќе завршите. 176 00:16:22,522 --> 00:16:26,402 Па, го разгледав распоредот и мислам дека ни требаат повеќе денови со Стедикам. 177 00:16:26,777 --> 00:16:29,195 - Да, Рене не сакаше Стедикам. - Зошто не? 178 00:16:30,238 --> 00:16:33,534 Не сум сигурен. Тоа не е негов стил, но се обидов. 179 00:16:34,035 --> 00:16:35,535 Да речеме дека е мој стил. 180 00:16:36,620 --> 00:16:37,620 Може да зборуваме? 181 00:16:39,331 --> 00:16:42,834 - Се' уште треба да зборуваме за дроновите. - Да, дроновите. 182 00:16:43,627 --> 00:16:45,546 - Каде ќе користи дронови? - Не знам. 183 00:16:46,087 --> 00:16:47,087 Што е, брат? 184 00:16:47,172 --> 00:16:49,507 Не сакав да те вознемирувам додека снимаше, 185 00:16:49,592 --> 00:16:51,552 но имаме проблем во хотелот. 186 00:16:51,636 --> 00:16:53,803 Ѓерданот на жена ти исчезнал синоќа. 187 00:16:53,888 --> 00:16:58,017 - Лори е уништена. - Срање. Ајде бе, брат. 188 00:16:58,099 --> 00:17:01,145 Еј, возачот нека ме чека напред, веднаш. 189 00:17:01,227 --> 00:17:02,063 Добро. 190 00:17:02,145 --> 00:17:03,480 Кажи му на Готфрид дека ми е жал. 191 00:17:15,158 --> 00:17:20,081 Не е млак. Шампањот на филмски сет обично е млак. 192 00:17:21,706 --> 00:17:22,706 Нема да ве лажам. 193 00:17:23,249 --> 00:17:25,752 Ми беше здодевно повеќе пати во шоуво, 194 00:17:26,670 --> 00:17:32,552 но најчесто, најчесто, благодарение на Рене, имаше духови. 195 00:17:33,802 --> 00:17:34,802 Тие ме одржаа. 196 00:17:36,597 --> 00:17:39,350 Духовите се негови пријатели. Ги сакам неговите духови. 197 00:17:41,017 --> 00:17:43,853 - И те сакам, Мира. - Те сакам. 198 00:17:44,646 --> 00:17:48,608 Тоа што ме донесе во филмовите беше чувството на слобода. 199 00:17:49,401 --> 00:17:50,401 Немаше граници. 200 00:17:51,571 --> 00:17:56,033 Филмот беше Дивиот Запад, знаете. Може да заборавите некогаш. 201 00:17:57,618 --> 00:17:58,618 Но, знаете. 202 00:18:00,620 --> 00:18:02,582 Зошто снимаме филмови сега? 203 00:18:03,374 --> 00:18:07,712 - Некој? - Зошто? Зошто снимаме филмови сега? 204 00:18:08,962 --> 00:18:11,591 Кој е подготвен да го ризикува својот живот за филмовите? 205 00:18:14,260 --> 00:18:18,513 Живееме во здодевни, мрачни, смотани времиња. 206 00:18:19,974 --> 00:18:21,933 Каде е чувството за авантура? 207 00:18:23,686 --> 00:18:24,687 Каде е безредието? 208 00:18:26,188 --> 00:18:27,188 - Да. - Да. 209 00:18:27,689 --> 00:18:29,983 - Убаво. - Каде е хаосот? 210 00:18:35,406 --> 00:18:39,200 Се обидувам да го задржам тој луд живот со тоа што сум голем давеж. 211 00:18:43,788 --> 00:18:45,665 Мислам, некои од вас ме мразат поради тоа. 212 00:18:46,916 --> 00:18:52,298 Но, да. Можеби сте во право. Можеби сте во право. 213 00:18:54,049 --> 00:18:57,385 Индустријата го презеде филмот. 214 00:18:58,095 --> 00:19:03,683 Адвокати, многу пари, франшизи, платформи, што уште не. 215 00:19:04,142 --> 00:19:08,313 Но, инди филмовите не се ништо подобри. 216 00:19:08,396 --> 00:19:11,108 Тие проповедаат додека не ви се смачи од нив. 217 00:19:12,693 --> 00:19:16,030 Филмовите беа за лошите момци и лошите девојки, 218 00:19:16,112 --> 00:19:17,781 како Музидора, 219 00:19:19,367 --> 00:19:20,825 како што беше рокенролот. 220 00:19:21,868 --> 00:19:24,829 Така е, така е, Готфрид. Така е. 221 00:19:25,456 --> 00:19:26,499 Утре ќе ме нема. 222 00:19:27,624 --> 00:19:33,547 Па, барем нема да мора да ме трпите. 223 00:19:33,880 --> 00:19:34,920 Ајде да се напиеме за тоа. 224 00:19:36,299 --> 00:19:37,842 Слава му на хаосот. 225 00:19:39,720 --> 00:19:43,974 По апсењето, Ирма Веп е осудена на доживотен затвор во Алжир. 226 00:19:50,231 --> 00:19:52,066 "А Морено?" 227 00:19:55,026 --> 00:19:56,904 "Тој беше егзекутиран утрово." 228 00:20:15,005 --> 00:20:18,216 Но, додека се качува, Ирма Веп бега! 229 00:20:18,300 --> 00:20:20,636 Без страв, таа се крие под вагон. 230 00:20:30,979 --> 00:20:35,358 А сега, ви пренесуваме извадок од мемоарот на Музидора... 231 00:20:38,820 --> 00:20:42,740 Денот кога Фејад ме повика да ја снимам ужасната секвенца со возот, 232 00:20:42,825 --> 00:20:45,034 го вежбав новиот водвиљ на Саша Гитри. 233 00:20:45,118 --> 00:20:49,706 Бев преплашена да му побарам слободно попладне. 234 00:20:49,789 --> 00:20:52,251 Па, го замолив неговиот помошник да го праша. 235 00:20:53,168 --> 00:20:57,173 Ќе заминев. Немаше вести. Гитри вежбаше друга претстава. 236 00:20:57,255 --> 00:21:00,009 Правите гримаси за евтини насмевки. 237 00:21:00,092 --> 00:21:01,968 Не правам гримаси, ги засмејувам луѓето! 238 00:21:02,051 --> 00:21:04,263 Не. Малку луѓе се смеат. 239 00:21:04,345 --> 00:21:07,892 И ако ги запознаете тие кои ги засмејувате, по шоуто, 240 00:21:07,974 --> 00:21:10,978 ќе ви биде срам што сте ги забавувале. 241 00:21:11,061 --> 00:21:12,061 Музидора! 242 00:21:14,314 --> 00:21:17,735 Конечно, неговиот помошник ми донесе лоша вест. 243 00:21:17,818 --> 00:21:18,651 Што рече? 244 00:21:18,735 --> 00:21:21,405 Кога му кажав дека ќе заминеш за филм, тој рече не. 245 00:21:22,030 --> 00:21:24,157 Извини. Но, знаеш каков е. 246 00:21:24,241 --> 00:21:26,784 Да. Не е многу отворен за преговори. 247 00:21:26,869 --> 00:21:30,997 Помирена, побрзав да го известам г. Фејад дека не можам да снимам денес. 248 00:21:33,417 --> 00:21:35,961 Тој го вежбаше Танцот на Апачите, во студиото Гомон. 249 00:21:48,932 --> 00:21:50,475 Многу ми е жал, г. Фејад, 250 00:21:50,559 --> 00:21:53,394 Гитри не ми дозволува да снимам денес. 251 00:21:53,479 --> 00:21:54,646 Зошто не? 252 00:21:54,730 --> 00:21:57,107 Му требам точно во 16.00 часот. 253 00:21:57,191 --> 00:21:58,234 16.00 часот? 254 00:21:59,777 --> 00:22:02,029 Нема проблем. Ќе бидете таму до 15.30 часот. 255 00:22:02,613 --> 00:22:04,572 Облечете го костумот. 256 00:22:04,657 --> 00:22:07,368 Натаму. Побрзајте. Побрзајте! 257 00:22:07,450 --> 00:22:11,287 По пат, Фејад ми ја објасни сцената. 258 00:22:11,371 --> 00:22:13,122 Ирма Веп се крие под вагон. 259 00:22:13,206 --> 00:22:15,084 Брзо исцрпена, паѓа на шините. 260 00:22:15,626 --> 00:22:18,212 Возот трескоти над неа. 261 00:22:18,295 --> 00:22:19,712 Посебна сцена. 262 00:22:19,797 --> 00:22:22,716 - Оваа е девојката која ќе падне на шините? - Апсолутно. 263 00:22:22,799 --> 00:22:26,804 Подобро ти отколку јас. 30 вагони да се издржат! 264 00:22:26,887 --> 00:22:28,846 Побрзајте, возот доаѓа за пет минути! 265 00:22:28,931 --> 00:22:30,808 И гарантирам дека ќе биде на време! 266 00:22:31,851 --> 00:22:32,869 Подготвени за поставување. 267 00:22:32,893 --> 00:22:34,103 На местата сме? 268 00:22:34,728 --> 00:22:37,022 Нема да ја чекаме техничката екипа. 269 00:22:37,606 --> 00:22:40,483 - Музидора, легнете. Добро. - Малку поназад. 270 00:22:41,276 --> 00:22:43,737 Побрзајте. Возот нема да доцни. 271 00:22:43,821 --> 00:22:45,072 Поблизу до шините. 272 00:22:45,155 --> 00:22:46,239 Таму. 273 00:22:46,322 --> 00:22:48,033 Може ли да го добијам мојот мегафон? 274 00:22:48,116 --> 00:22:49,450 Некој? 275 00:22:51,703 --> 00:22:53,538 Мари, држи го стативот стабилно. 276 00:22:53,621 --> 00:22:56,333 Музидора, нема од што да се плашиш. 277 00:22:56,416 --> 00:22:58,793 На позиција, сите! 278 00:22:58,878 --> 00:23:00,670 Музидора ризикува многу! 279 00:23:04,341 --> 00:23:06,010 Лежам на земјата. 280 00:23:06,092 --> 00:23:08,345 Додека вагоните поминуваат над моето тело. 281 00:23:09,012 --> 00:23:11,473 Јас сум затвореник меѓу тркалата. 282 00:23:12,557 --> 00:23:16,477 Како што забрзува возот, и ветрот ме удира по лицето, 283 00:23:16,561 --> 00:23:20,148 почнувам да ги бројам вагоните за да не ми се врти. 284 00:23:34,037 --> 00:23:35,164 Тоа беше неверојатно. 285 00:23:37,458 --> 00:23:38,958 Тоа беше многу импресивно. 286 00:23:39,376 --> 00:23:40,628 Каква храброст, Музидора! 287 00:23:41,336 --> 00:23:42,504 Каква храброст! 288 00:23:43,297 --> 00:23:44,297 Браво! 289 00:23:44,714 --> 00:23:47,216 Ќе биде моќно на големиот екран! 290 00:23:47,300 --> 00:23:49,927 Сега побрзај на твојата проба со Саша Гитри. 291 00:23:50,304 --> 00:23:51,929 Фала. Ајде, трчај! 292 00:23:53,014 --> 00:23:55,850 Искрено, никогаш не би можела да го одбијам Фејад, 293 00:23:55,933 --> 00:23:58,019 кој ми ја даде најдобрата улога. 294 00:24:00,521 --> 00:24:04,652 Извини што доцнам. Готфрид приреди интересно шоу. 295 00:24:05,402 --> 00:24:06,402 Така слушнав. 296 00:24:07,488 --> 00:24:09,989 Ја затвораат кујната. Сакаш да ти нарачам? 297 00:24:11,158 --> 00:24:13,452 Може ли да добијам риба на скара и салата? 298 00:24:13,535 --> 00:24:17,373 А, ако немаат риба на скара, само стек, средно печен. 299 00:24:30,886 --> 00:24:32,678 - Добре дојдовте. - Добра вечер. 300 00:24:39,185 --> 00:24:42,356 - Колку романтично. - Се обидувам. 301 00:24:42,439 --> 00:24:45,859 Дали ова значи дека имаш некакви страшни вести? 302 00:24:46,860 --> 00:24:49,238 За жал, не си далеку од вистината. 303 00:24:49,655 --> 00:24:54,368 Значи, салата од кељ, риба на скара. 304 00:24:54,451 --> 00:24:55,451 Добар апетит. 305 00:24:56,787 --> 00:25:00,832 - Па, треба да се плашам? - Да. 306 00:25:02,125 --> 00:25:05,795 Па, не. Не е баш лоша вест. 307 00:25:07,088 --> 00:25:10,092 Исто така е добра вест. Добра вест е за мене. 308 00:25:11,135 --> 00:25:12,415 Можеби не е толку добра за тебе. 309 00:25:14,680 --> 00:25:16,807 - Не знам. - Што не знаеш? 310 00:25:17,265 --> 00:25:20,436 - Дали се грижиш за мене. - Реџина, се грижам за тебе. 311 00:25:22,813 --> 00:25:24,813 Колку повеќе те запознавам, толку повеќе се грижам. 312 00:25:25,441 --> 00:25:29,402 - А ти? - Јас сум обожавателка. Се сеќаваш? 313 00:25:32,406 --> 00:25:34,657 Порано беше обожавателка. Сега ме познаваш. 314 00:25:34,742 --> 00:25:39,078 - Јас сум, се надевам, реална личност. - Мислам дека е обратно. 315 00:25:40,497 --> 00:25:43,541 Се угледувам на тебе. Се справуваш со срањето на славните како ништо. 316 00:25:43,625 --> 00:25:47,004 Застани. Доста е со пофалбите. Ме плашиш. Фала. 317 00:25:47,337 --> 00:25:49,173 Може да добиеме уште една? Ве молам. 318 00:25:51,090 --> 00:25:55,470 Ти требам. Потребна ти е самобендисана филмска бубалица во твојот живот. 319 00:25:56,262 --> 00:25:59,724 - Ќе се снајдам. - Ќе се снајдеш? Кога ќе ме нема? 320 00:26:02,686 --> 00:26:04,896 И кога е тоа? 321 00:26:05,229 --> 00:26:08,524 Наскоро. Мојот филм ќе се снима. 322 00:26:10,486 --> 00:26:12,863 - Што? - Почнуваме со снимање следната година. 323 00:26:12,945 --> 00:26:13,947 Тоа е лудо. 324 00:26:14,030 --> 00:26:16,200 Но, ќе останам со тебе додека не завршиш со шоуто. 325 00:26:16,283 --> 00:26:19,912 - А, потоа, ќе исчезнам. - Колку години имаш? 326 00:26:20,536 --> 00:26:21,997 - Имам 25. - 25? 327 00:26:22,079 --> 00:26:25,918 Тоа е премногу младо за прв филм. 328 00:26:26,460 --> 00:26:30,547 - Изгледа имав среќа. - Не, ти заслужуваш да имаш среќа. 329 00:26:42,767 --> 00:26:46,145 - Благодарам. Тоа беше многу убаво. - Се разбира. 330 00:27:08,834 --> 00:27:10,796 - Чао. - Добро. 331 00:27:42,451 --> 00:27:44,453 Само што и кажав на Мира дека заминувам. 332 00:27:44,996 --> 00:27:47,081 И пречеше, но не беше шокирана. 333 00:27:49,293 --> 00:27:51,533 Би рекла дека повеќе ќе ми недостига таа отколку јас неа. 334 00:27:52,295 --> 00:27:53,295 Не знам. 335 00:27:54,298 --> 00:27:55,883 Да, секако дека сум заљубена во неа. 336 00:27:56,716 --> 00:28:00,012 Мислам, таа е Мира Харберг. Таа е ебана божица. 337 00:28:01,429 --> 00:28:05,891 Да, претпоставувам дека би и дозволила да ме легне. Но, сега сум премногу исплашена. 338 00:28:07,311 --> 00:28:09,897 Живееме во различни светови. Мислам, би ме легнала. 339 00:28:09,979 --> 00:28:12,690 И потоа што? Јас ќе го снимам мојот филм. 340 00:28:12,774 --> 00:28:16,027 Ќе морам да заминам и ќе биде болно. 341 00:29:20,716 --> 00:29:23,260 Утре ќе ја смениме собата. Средено е. 342 00:29:25,013 --> 00:29:26,931 Можеме да го смениме и хотелот, ако така сакаш. 343 00:29:27,015 --> 00:29:30,686 - Дали Мира знае за ова? - Не, колку што знам. Само продукцијата. 344 00:29:31,310 --> 00:29:34,480 - Таа би била толку среќна. - Зошто го велиш тоа? 345 00:29:35,272 --> 00:29:37,066 Мојата несреќа, нејзина одмазда. 346 00:29:37,858 --> 00:29:39,778 Ајде, душо, премногу си сурова со неа. 347 00:29:40,194 --> 00:29:41,989 Таа беше сурова кон мене. И сега се сити. 348 00:29:42,447 --> 00:29:44,615 Таа е толку лута што сме заљубени. 349 00:29:45,408 --> 00:29:48,662 Тоа треба да ти биде најмала грижа во моментов. Дојди овде. 350 00:29:50,871 --> 00:29:53,791 Велам, јас и ти да одиме утре 351 00:29:55,584 --> 00:29:58,963 и да избереме нешто што ќе помогне да заборавиш на оваа глупост. 352 00:29:59,381 --> 00:30:01,466 Херман, ти си луд. Тоа е многу скапо. 353 00:30:03,260 --> 00:30:06,680 Не се работи за парите. Знаеш. Знаеш за што се работи? 354 00:30:08,515 --> 00:30:09,808 - За нас. - За нас. 355 00:30:10,559 --> 00:30:15,314 Да бидеме среќни, а ти си тажна сега. Кому му е гајле што мисли Мира? 356 00:30:15,396 --> 00:30:18,650 Батали ја Мира. Така? Батали ја Мира. 357 00:32:13,722 --> 00:32:16,934 Значи, ти си озлогласената Ирма Веп. 358 00:32:17,018 --> 00:32:19,354 Мислам дека не знаеш со кого си имаш работа. 359 00:32:19,438 --> 00:32:22,147 Ти си моја заробеничка сега. Седни сега. 360 00:32:36,912 --> 00:32:39,582 Ти си моја заробеничка сега. Седни сега. 361 00:32:42,126 --> 00:32:43,486 Без разлика дали ти се допаѓа тоа. 362 00:32:43,920 --> 00:32:45,796 Мислам дека не знаеш со кого си имаш работа. 363 00:32:46,630 --> 00:32:47,630 Џејд. 364 00:32:50,969 --> 00:32:52,303 Не знаев дека си во Париз. 365 00:32:52,804 --> 00:32:56,015 Тука сум и не сум тука. Исто како и ти. 366 00:32:57,308 --> 00:33:00,604 Овие денови сум му ангел чувар на Рене. 367 00:33:00,978 --> 00:33:05,941 Тогаш жалосно потфрлаш. Тој изгледа како мртовец. 368 00:33:06,026 --> 00:33:10,362 Се обидувам да го поттикнам. Но, многу е тешко да се направи тоа. 369 00:33:11,281 --> 00:33:14,075 - Мислев дека си му лута. - Сум. 370 00:33:14,409 --> 00:33:17,496 Тој ме обвинува мене за нашиот развод, но јас го обвинувам него. 371 00:33:19,289 --> 00:33:23,167 Чекав само еден збор. И тој никогаш не дојде. 372 00:33:23,584 --> 00:33:29,299 Сега филмот Ирма Веп е се' што остана од нашата врска. 373 00:33:29,966 --> 00:33:34,345 - И ти сакаш да го заштитиш тоа. - Веќе не ми е многу гајле за филмовите. 374 00:33:35,930 --> 00:33:38,558 Некогаш, тие беа дел од мојот живот. 375 00:33:39,058 --> 00:33:41,770 Но, тоа е минато. 376 00:33:42,186 --> 00:33:44,356 - Што е со сегашноста тогаш? - Реалниот живот? 377 00:33:44,898 --> 00:33:48,527 Да бидам добра личност, да помогнам каде што можам. 378 00:33:48,901 --> 00:33:51,363 - А на Рене му треба заштита. - Од самиот себе. 379 00:33:54,114 --> 00:33:56,784 - Сакаш малку? - Да. Благодарам. 380 00:34:03,333 --> 00:34:04,960 Дали ти пречи ако те прашам нешто? 381 00:34:08,754 --> 00:34:13,260 Имам чудна вина што сум Ирма Веп. 382 00:34:14,176 --> 00:34:15,345 А, зошто? 383 00:34:16,680 --> 00:34:19,558 Западњак сум. Всушност, јас сум Швеѓанка. 384 00:34:22,601 --> 00:34:24,687 Но, претпоставувам станав американска актерка. 385 00:34:26,815 --> 00:34:28,315 Ти одговара тоа? 386 00:34:29,693 --> 00:34:34,197 Швеѓанка, Американка, сеедно. Променливоста не ми пречи. 387 00:34:34,530 --> 00:34:38,577 Такви се актерите. Но, тоа е само мое мислење. Се прашував дали... 388 00:34:39,077 --> 00:34:40,077 Дали? 389 00:34:40,536 --> 00:34:44,707 Па, Ирма Веп беше кинески лик 390 00:34:44,791 --> 00:34:48,253 и целава работа со културно присвојување сега, 391 00:34:48,335 --> 00:34:51,255 па не сум сигурна што да правам со тоа. 392 00:34:51,339 --> 00:34:57,053 Не сум сигурна дека сум на вистинската страна, дека ја правам вистинската работа. 393 00:34:57,637 --> 00:35:01,975 Ирма Веп не е баш кинески лик. 394 00:35:02,851 --> 00:35:04,144 Па, ти го редефинираше. 395 00:35:04,853 --> 00:35:09,107 Направив се' што можев без да знам каде сум упатена. 396 00:35:10,066 --> 00:35:11,651 - Сакаш да знаеш зошто? - Секако. 397 00:35:12,359 --> 00:35:16,865 Бидејќи никогаш не сум се гледала како кинеска актерка. 398 00:35:17,907 --> 00:35:23,037 Јас пораснав во Обединетото Кралство. Моето семејство е од Шангај. 399 00:35:24,329 --> 00:35:31,045 Повеќето филмови ги снимав во Хонг Конг. Му дава слоеви на мојот идентитет. 400 00:35:31,420 --> 00:35:33,130 Ме отвора кон светот. 401 00:35:34,214 --> 00:35:37,469 И се надевам, тоа ме прави подобра личност. 402 00:35:37,886 --> 00:35:39,887 Значи, во ред е да бидам Ирма Веп? 403 00:35:40,555 --> 00:35:44,892 Да. Се' додека си дозволиш да бидеш преземена од неа. 404 00:35:49,104 --> 00:35:50,104 Ми треба Рене. 405 00:35:51,608 --> 00:35:53,734 Треба да се врати и да ја заврши серијата. 406 00:35:55,360 --> 00:35:59,240 - Затоа ли дојде? - Ирма Веп сакаше да го направам тоа. 407 00:36:00,032 --> 00:36:03,495 - Не ти се допаѓа Херман? - Немам никакви проблеми со Херман. 408 00:36:04,996 --> 00:36:06,413 Тој е од друга планета. 409 00:36:06,914 --> 00:36:10,000 И не ти пречи што ти ја украде девојката? 410 00:36:10,084 --> 00:36:11,084 Не. 411 00:36:12,295 --> 00:36:14,713 - Го надминав тоа. - Се сомневам. 412 00:36:15,839 --> 00:36:19,636 Го украде ѓерданот на Лори. Па, мислиш дека сте изедначени. 413 00:36:20,178 --> 00:36:24,098 Тоа беше глупава работа, каприц. 414 00:36:24,474 --> 00:36:26,355 И на крајот не добив никакво задоволство од тоа. 415 00:36:26,809 --> 00:36:29,437 - А, ни крај. - Херман едноставно не сфаќа. 416 00:36:31,189 --> 00:36:36,236 Рене има духовна врска со Ирма Веп. Го чувствувам тоа секој пат кога сум таа. 417 00:36:38,321 --> 00:36:41,698 Тој мора да ги победи своите демони и да дојде и да го заврши шоуто. 418 00:36:42,825 --> 00:36:45,704 - Подготвена сум да се борам за тоа. - Тогаш бори се. 419 00:36:46,411 --> 00:36:49,123 Го сакаш Рене? Ќе го имаш Рене. 420 00:36:53,128 --> 00:36:55,714 Ја прикажува неговата последна монтажа сега. 421 00:36:55,796 --> 00:36:59,217 Свртен е против сопствениот филм, уништувајќи го. 422 00:37:30,957 --> 00:37:35,919 Значи ти си озлогласената Ирма Веп. Сега си моја. 423 00:37:38,381 --> 00:37:40,799 Не бори се. Опушти се. 424 00:37:45,138 --> 00:37:48,140 ВАМПИР ИРМА ВЕП 425 00:38:49,076 --> 00:38:52,539 Мира? Што правиш овде? 426 00:38:53,373 --> 00:38:58,169 - Не изгледаш изненаден. - Се случуваат чудни работи. 427 00:38:58,670 --> 00:38:59,754 И за мене. 428 00:39:00,087 --> 00:39:05,717 - Исчезна. - Ми требаше пауза. Така вели мојот доктор. 429 00:39:06,218 --> 00:39:09,972 - Во депресија си? - Не, не, не, не, не, не. 430 00:39:10,056 --> 00:39:16,687 Па, да, но тоа не е се'. 431 00:39:17,355 --> 00:39:19,399 Изгубив доверба. 432 00:39:21,025 --> 00:39:23,611 - Во себе? - Не. 433 00:39:24,279 --> 00:39:26,571 - Во мене тогаш? - Не, не, не, не, не. 434 00:39:26,655 --> 00:39:28,115 Во снимањето филмови. 435 00:39:28,740 --> 00:39:33,121 Но, изгледа згрешив. 436 00:39:34,080 --> 00:39:37,208 - Зошто? - Како влезе? 437 00:39:40,378 --> 00:39:41,378 Покривот. 438 00:39:43,797 --> 00:39:49,137 Гледаш, стана Ирма Веп. 439 00:39:49,846 --> 00:39:51,680 Нешто се случува кога ќе го облечам костимот. 440 00:39:51,764 --> 00:39:53,850 Секако. Ти стануваш таа. 441 00:39:54,224 --> 00:39:57,311 Стануваш како кој било лик ако живееш долго со него. 442 00:39:57,394 --> 00:39:59,396 Не. Ирма Веп е поинаква. 443 00:39:59,896 --> 00:40:05,694 Таа е душа која лебди наоколу, бара домаќин. 444 00:40:06,236 --> 00:40:10,116 - Домаќинот сум јас. - Сега, да. Но, би можел да бидам јас. 445 00:40:11,992 --> 00:40:12,993 Или Реџина. 446 00:40:15,037 --> 00:40:18,248 Дали Реџина зборува чудно во последно време? 447 00:40:18,749 --> 00:40:25,214 Всушност, таа кажа некои чудни работи за тоа дека филмовите се магични ритуали. 448 00:40:28,259 --> 00:40:29,886 Како тие го повикуваат Луцифер. 449 00:40:30,511 --> 00:40:35,642 Таа ти кажа дека Луцифер е носител на светлината, нели? 450 00:40:37,602 --> 00:40:41,272 - Да. - Зборува Ирма Веп. 451 00:40:41,773 --> 00:40:45,692 Нејзината душа ја прогонува кинематографијата веќе еден век. 452 00:40:46,027 --> 00:40:52,325 Таа е метаморф, се менува себе со секоја генерација, 453 00:40:53,242 --> 00:40:58,456 но чудно, секогаш останува иста 454 00:40:59,082 --> 00:41:01,292 и никогаш не губи ништо од својата аура. 455 00:41:02,210 --> 00:41:03,627 - Таа е зла. - Не. 456 00:41:03,711 --> 00:41:08,215 Не, не, не. Таа не е зла. Таа е дух. 457 00:41:09,758 --> 00:41:14,639 И духовите не се добри или лоши. Тие се само духови. 458 00:41:15,597 --> 00:41:22,021 Филмовите ја будат како што медиумите ги повикуваат мртвите за да се поврзат. 459 00:41:23,022 --> 00:41:28,610 А, Музидора и Луј Фејад ја повикаа Ирма Веп. 460 00:41:29,988 --> 00:41:32,823 И таа се задржа. Остана со нас. 461 00:41:37,078 --> 00:41:40,832 Таа е многу, многу, многу моќен дух. 462 00:41:41,665 --> 00:41:44,043 Таа може да се сврти против тебе. 463 00:41:44,419 --> 00:41:49,005 - Зошто би го сторила тоа? - Црна магија, не се контролира. 464 00:41:49,757 --> 00:41:51,425 Игра игри со тебе. 465 00:42:00,560 --> 00:42:01,893 Дали си на антидепресиви? 466 00:42:05,398 --> 00:42:08,860 - Да. - Тогаш не треба да пиеш. 467 00:42:10,028 --> 00:42:13,905 - Не се мешаат. - Но, кому му е гајле? 468 00:42:15,616 --> 00:42:16,616 Мене ми е. 469 00:42:19,954 --> 00:42:21,329 Сакам да се премислиш. 470 00:42:24,374 --> 00:42:27,878 Никој друг не може да ја заврши серијава. Едноставно нема смисла. 471 00:42:28,962 --> 00:42:33,384 Ова е твој проект. Ова е твоја екипа, твои актери. 472 00:42:35,636 --> 00:42:37,555 Ова е твоја црна магија. 473 00:42:40,224 --> 00:42:45,729 Херман ќе ја заврши оваа епизода и ќе се вратиш. 474 00:42:47,314 --> 00:42:50,068 Дали мислиш дека тоа е вистинската работа? 475 00:42:56,239 --> 00:42:57,325 Сигурна сум дека е. 476 00:43:01,204 --> 00:43:02,204 Сигурна сум дека е. 477 00:43:04,707 --> 00:43:06,375 Направи го тоа, Рене. 478 00:43:10,546 --> 00:43:14,925 Мистериозна жена влегува во дувлото на Вампирите... 479 00:43:38,032 --> 00:43:39,908 "Тој глас..." 480 00:43:51,170 --> 00:43:53,881 Ирма Веп се враќа! 481 00:44:02,723 --> 00:44:03,558 Три недели подоцна... 482 00:44:03,641 --> 00:44:05,351 - Дали сте подготвени? - Да, почни. 483 00:44:05,433 --> 00:44:06,601 Добро, одлично. 484 00:44:07,395 --> 00:44:09,355 Извинете, последна проба! 485 00:44:09,438 --> 00:44:13,733 Ја имаме последната проба. Запомнете, пијани сте. Гласни сте. 486 00:44:13,817 --> 00:44:15,443 Живи сте. 487 00:44:15,528 --> 00:44:19,740 А кога ќе ја препознаете Ирма Веп, тогаш подивувате. Добро? 488 00:44:19,824 --> 00:44:20,824 Последна проба! 489 00:44:23,660 --> 00:44:24,660 Подгответе се. 490 00:44:26,706 --> 00:44:27,706 Акција! 491 00:47:06,990 --> 00:47:11,035 НАСКОРО УЖАСНАТА СВАДБА 492 00:48:06,133 --> 00:48:08,052 Преведено од: Елена Самандова